Ageing, Disability & Home Care

  • High contrast version
  • Increase the text size
  • Decrease the text size
  • Print this page

Macedonian

Македонски јазик

Што е Ageing, Disability and Home Care?

Ageing, Disability and Home Care (ADHC) е државен оддел во Нов Јужен Велс што им нуди поддршка на:

  • постарите лица
  • онеспособените лица
  • нивните семејства или лицата кои се грижат за нив.

Што е онеспособеност?

Лице може да има онеспособеност ако му е тешко да ги изведува секојдневните работи. На пример, да учи, детално да ги разгледува работите, да гледа, да слуша, да зборува или да се движи.

Каква поддршка може да се добие?

На онеспособените лица им се нудат повеќе видови на поддршка во зависност од нивните потреби. Некои примери на поддршка вклучуваат како:

  • да добивате информации и совети за услугите што се соодветни за вас
  • да се утврди што ви е потребно и да ви помогнеме да го планирате животот
  • да живеете посамостојно во вашиот дом самите или со други лица
  • да ја разберете онеспособеноста на вашето дете и каков вид на поддршка тоа може да добие
  • да стекнете нови способности за вработување и друштвени активности
  • да бидете дел од заедницата
  • да ви помогнеме полесно да ги извршувате секојдневните активности, на пример, да јадете, да се движите и да зборувате
  • да добиете помагала или опрема што ќе ви помага
  • да имате краток одмор додека вашето семејство или негувател се одмараат.

Кој нуди поддршка?

Повеќето видови на поддршка ги нудат организации во вашата локална заедница кои ги финансира ADHC. Некои видови на поддршка ги нудат лица кои работат за ADHC.

ADHC им помага на онеспособените лица и нивните семејства да имаат поголем избор во врска со поддршката што е соодветна за нивните потреби и нивниот живот.

Како можам да добијам повеќе информации?

За да добиете повеќе информации во врска со помошта за вас или вашето семејство, телефонирајте му на Тимот за информации, упатување и прием (Information, Referral and Intake team) во вашето локално подрачје.

Ако сте глуви или имате оштетен слух или говор, изберете го телефонскиот број на локалната служба и контактирајте не преку National Relay Service:

  • Корисниците на TTY треба да телефонираат на 133 677, потоа треба да го побараат телефонскиот број на службата што ќе ја изберат.
  • Корисниците на Speak and Listen треба да телефонираат на 1300 555 727, потоа треба да го побараат телефонскиот број на службата што ќе ја изберат.

Ако ви треба помош на вашиот јазик, ве молиме јавете се во Службата за писмено и усмено преведување (TIS) на 131 450.

Display this in English

If you need assistance in a language other than English to understand this information, please call the Translating and Interpreting Service (TIS) on 131 450.

share on facebook share on tweet share on yammershare by email
Back to: top | ADHC home page